Откако беше осуден на 50 месеци затвор во спектакуларно судење, раперот Шон Диди Комбс не може да се надева на големи помилувања и ќе отслужи најмалку 85 проценти од затворската казна.
Американското федерално биро за затвори објави дека доколку се однесува примерно во федералниот затвор, тој најрано ќе излезе од затвор на 8. мај. Во затворската казна му е пресметан и затворскиот притвор во Бруклин, откако беше уапсен и чекаше судење.
Шон Диди Комбс беше обвинет за рекетрање и подведување за проституција, но поротата го ослободи од најсериозните обвиненија. Барањето на Шон Комбс да ја отслужи затворската казна во Њу Џерси за да биде близу до фамилијата и да се посвети на програмата за одвикнување од дрога беше одбиено од судијата.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


