Откако хрватскиот стручњак Игор Тудор беше отпуштен во понеделникот, 66-годишниот Лучијано Спалети се споменува како главен кандидат за клупата на италијанскиот фудбалски великан Јувентус.

Неделниот пораз на гости од Лацио (0:1) му пресуди на Тудор. Тоа беше осми натпревар по ред за Јувентус без победа, при што торинската „Стара дама“ не постигна гол во ниту еден од последните четири натпревари.

Италијанските медиуми објавуваат дека Спалети би можел да биде наследник на Тудор. Според последните информации, Јувентус е подготвен да му понуди на Спалети договор до крајот на оваа сезона со обврска да го продолжи доколку се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.

Спалети беше отпуштен од италијанската репрезентација во јуни оваа година, која ја водеше од август 2023 година. Пред тоа, го предводеше Наполи до „скудетото“ во 2023 година, а во текот на кариерата ги водеше и Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Анкона…

Јувентус моментално е на осмото место со 12 бода, шест зад лидерите Наполи и Рома.

globe

Слични новости

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа еден од најдобрите натпревари во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата, а по серија пресврти натпреварот заврши вез победник 4:4