Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе мора да се подложи на операција на коленото, што ќе го остави надвор од терените два до три месеца.
„По прегледите спроведени од медицинската служба на Реал Мадрид, беше одлучено дека Карвахал ќе мора да се подложи на артроскопија“, објави „Кралскиот клуб“ без да прецизира колку време ќе трае неговото закрепнување.
Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека закрепнувањето би можело да трае околу 10 седмици.
Веста за новата повреда на 33-годишниот дефанзивец дојде откако Карвахал ги одигра последните 19 минути од драматичната победа на Реал над Барселона. Сепак, тој почувствува проблеми со коленото кратко по завршувањето на натпреварот.
Проблемите со повредите на Карвахал траат повеќе од една година, откако тој скина лигамент на натпревар од Ла Лига против Виљареал на почетокот на октомври 2024 година, поради што мораше да го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.
Иако се врати на теренот за време на полуфиналето на Светското клупско првенство во јули, оттогаш се мачеше со помали проблеми во мускулите.
Слични новости
Тотенхем размислува за промена на тренерската клупа, се споменува Чави Ернандез
Раководството на Тотенхем е незадоволно од резултатите и играта и размислува за промена на тренерската клупа, објавија британските медиуми
Лејкерс славеа во Феникс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот
Рекорд на Баерн во Бундеслигата
Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундес лига.


