На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути благо се зголеми во претпладневното тргување во понеделникот.
Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 98,98 поени, додека во петокот навечер беше 98,93 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,18 отсто, на 153,15 јени.
Американската валута, пак, стагнира во однос на европската, па цената на еврото е околу 1,1625 долари, колку што беше во петокот навечер.
Цените на нафтата, од друга страна, дополнително се зголемија, откако скокнаа околу 7 отсто минатата седмица. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,53 отсто претпладнево, на 66,30 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,52 отсто, на 61,80 долари.
Слични новости
Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари
Цените на нафтата паднаа под 62 долари во вторникот на меѓународните пазари, со најави на Казахстан за свртување кон алтернативните првавци за испорачување во Кина и нормализација на снабдувањето од Ирак
Европската Унија покрена антимонополска истрага против Гугл
Европската комисија денеска покрена антимонополска истрага против Гугл поради сомнение дека компанијата ги користи содржините на издавачи и креатори од Јутјуб за потребите за развој на вештачката интелигенција, без за тоа да им плати на авторите
Германскиот извоз падна во октомври
Германскиот извоз падна во октомври, при што се намалија испораките во САД и Кина се намалија, покажаа податоците од статистичката служба објавени во вторникот


