Биографската драма „Брус Спрингстин: Доведи ме од никаде“ ја имаше премиерата низ кината во САД каде што на премиерниот викенд заработи 9,1 милион долари.

Надвор од САД филмот заработи 7 милиони долари, за вкупна заработка од 16 милиони долари, што е под очекувањата за биографскиот филм за популарниот американски рокер.

Продуцентот на филмот студиото Дизни се надеваше на многу повисоки бројки на отварањето на филмот, но во студиото се надеваат дека филмот допрва ќе заработи затоа што се очекува долго да се прикажува во кината. 

 

Публиката што викендов го гледаше филмот е главно постара од 45 години, а Дизни се надева на успех и поради оригиналната приказна и солидните критики од публиката.

Филмот е сниман според истоимената книга за Брус Спингстин, а во главната улога на „Шефот“ е Џереми Ален. Во филмот играат и Џереми Стронг, Стивен Греам и Одеса Јанг.

Слични новости

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.