ЛА Лејкерс ја забележаа втората победа во сезоната на гости кај Сакраменто Кингс иако играа без двете најголеми ѕвезди во тимот Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Креатор на победата на Лејкерс беше Остин Ривс кој постигна 51 кош, а на тоа додаде и 11 скокови и 9 асистенции.

Никој во дресот на Лејкерс немал повеќе од 50 коша, 11 скока и 9 асистенции од 60-тите години на минатиот век и Елџин Бејлор,иако во тој клуб играа најголемите имиња на американската кошарка.

Најдобра партија откако е во Лејкерс имаше и центарот Ејетон кој постигна 22 коша со 15 скокови. За Сакраменто Лавин имаше 32 коша, а ветеранот Вестбрук против Лејкерс постигна 18 коша од кои четири тројки.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0