Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ нема да игра најмалку една седмица поради истегнување на прстот на левата рака и контузија на долниот дел од левата нога.

 

Ова значи дека Дончиќ сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс – против Сакраменто Кингс (недела), Портланд Треил Блејзерс (понеделник), Минесота Тимбервулвс (среда) и Мемфис Гризлис (петок).

Дополнителен проблем за Лејкерс ќе биде отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште не загра оваа сезона поради болки во грбот.

Во првите два натпревара од новата сезона, Лејкерс забележаа победа и пораз, а Дончиќ моментално има просек од 46,0 поени, 11,5 скока и 8,5 асистенции.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0