Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори.
Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. „Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


