Шаи Гилџеус-Александер и Чет Холмгрен ги предводеа Оклахома Сити Тандер до победа од 117:100 над Хокс во Атланта, овозможувајќи им на актуелните шампиони на НБА лигата совршен почеток од 3-0 на сезоната.

Холмгрен постигна 31 поен и имаше 12 скока, додека Гилџеус-Александер, накорисниот играч (МВП) и водечки стрелец минатата сезона, впиша 30 поени, пет асистенции и четири скока.

Во Филаделфија, Тајрис Макси постигна 28 поени, девет асистенции и шест скока и ги предводеше домаќините до победа од 125:121 над Шарлот Хорнетс по драматична завршница. Џоел Ембиид додаде 20 поени, а Ламело Бол го предводеше Шарлот со 27 поени, девет скока и осум асистенции. Хорнетс имаат 11 последователни порази од 76ерс од декември 2022 година.

Џош Гиди од Чикаго Булс имаше 21 поен и осум скока во победата на гостински терен над Орландо Меџик од 110:98. Паоло Банлеро имаше 24 поени и 10 скока за Меџик.

Седрик Кауард ги погоди сите шест тројки, и иако влезе од клупата, тој постигна најмногу поени на натпреварот од 27, што ги предводеше Мемфис Гризлис до победа од 128:103 над Индијана Пејсерс.

Џамал ​​Мареј постигна 23 поени, а трикратниот најкорисен играч на НБА, Никола Јокиќ, имаше трипл-дабл со 14 поени, 14 скока и 15 асистенции во победата на Денвер Нагетс над Феникс од 133:111.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0