Турски суд го отфрли случајот со кој се бараше отстранување на лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел, и поништување на неговата победа на внатрепартиските избори во 2023 година поради сомнителни нерегуларности, во потег што би можел да ги намали тензиите во едногодишната правна битка со партијата.
Случајот во судот во Анкара беше широко оценет како тест за владеењето на правото во услови на несигурна рамнотежа во земјата помеѓу демократијата и автократијата. Пресудата доаѓа во услови на невидена правна пресметка со Републиканската народна партија (CHP), во која стотици нејзини членови и избрани лидери беа затворени.
Доколку судот донесеше одлука за разрешувањето на Озел, тоа ќе ја турнеше опозицијата подлабоко во бездната и внатрешните конфликти, што ќе ги зголеми шансите на претседателот Таип Ердоган да го продолжи своето 22-годишно владеење над таа голема земја членка на НАТО и голема економија во развој.
Но, судот го отфрли случајот, што имаше позитивно влијание врз пазарот. По пресудата, главниот индекс на турската берза Borse Istanbul порасна за 3,4 отсто, а лирата зајакна.
Слични новости
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата


