Казахстанската тенисерка Еелена Рибакина го обезбеди својот настап на овогодинешното ВТА финале во Ријад, кое ќе се одржи од 1 до 8 ноември, со пласман во полуфиналето на турнирот во Токио.
Во четвртфиналето, Рибакина беше поуспешна од Канаѓанката Викторија Мбоко со 6-3, 7-6 (4) и со тоа ја продолжи својата победничка серија на шест откако ја освои титулата во Нингбо минатата недела.
Победничката на Вимблдон во 2022 година, Рибакина, им се придружува на Арина Сабаленка, Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Џесика Пегула, Медисон Кис и Јасмин Паолини кои веќе обезбедија настап во Ријад.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


