Челниците на земјите-членки на Европскта комисија побараа од Европската комисија што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка на Украина за следните две години, но прашањето за користење на запленетите руски средства останува отворено и ќе се дискутира повторно на следниот самит во декември.
„Европскиот совет се обврзува да ги реши итните финансиски потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори“, се вели во текстот кој беше поддржан од 26 земји-членки на ЕУ, односно сите освен Унгарија.
„Затоа, Европскиот совет ја повикува Комисијата што е можно поскоро да презентира опции за финансиска поддршка врз основа на проценка на финансиските потреби на Украина и ги повикува Комисијата и Советот да продолжат да работат за да може Европскиот совет да се наврати на ова прашање на следниот состанок“, се додава во текстот.
Сепак, во врска со нацрт-заклучоците, во текстот повеќе не се споменуваат „конкретни предлози што вклучуваат можна постепена употреба на готовина поврзана со имобилизирани руски средства“.
Ова значи дека сè уште нема договор за користење на замрзнатите руски средства за заем од 140 милијарди евра за Украина и дека тоа ќе се дискутира повторно на следниот самит во декември.
Една од главните теми на денешниот состанокот во рамките на самитот на земјите-членки на ЕУ беше дискусијата за користење на запленетите руски средства за поддршка на Украина. Комисијата ја презентираше идејата за користење на запленетите руски средства како основа за бескаматен заем за Украина во износ од 140 милијарди евра. Украина ќе го врати тој заем само кога Русија ќе плати воени репарации.
Пред почетокот на самитот, белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека има услови за негова согласност за заем за Украина со користење на запленетите руски средства, кои се депонирани во неговата земја. Белгија сака цврсти гаранции дека другите членки исто така ќе го споделат ризикот со неа во случај на евентуална арбитражна одлука дека парите мора да се вратат во Русија.
Поголемиот дел од овие средства се депонирани кај „Euroclear“, институција за клириншко и порамнување за финансиски трансакции со седиште во Белгија. Затоа Белгија сака цврсти гаранции дека другите земји-членки ќе го споделат ризикот со неа во случај на евентуална арбитражна одлука дека парите мора да се вратат во Русија, што е веројатна можност на која повеќе од една година предупредуваат економските и експертите по меѓународно право.
„Сакам сите да го споделат ризикот. Доколку парите мора да се вратат, секоја земја ќе мора да придонесе за Белгија да не биде единствената што ќе го носи ризикот“, рече Де Вевер по пристигнувањето на самитот кој уште во август предупреди дека „од правна гледна точка, не е толку едноставно“.
Слични новости
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


