Откако Европската унија го усвои најновиот пакет санкции против Русија, а Министерството за финансии на САД одлучи да ги санкционира големите руски нафтени компании, руското Министерство за надворешни работи во четвртокoт објави дека земјата развила „силен имунитет“ против западните мерки и дека тие се неефикасни.

Во четвртокот членките на ЕУ го усвоија 19-от пакет санкции против Русија поради војната во Украина, што вклучува забрана за увоз на руски течен природен гас од јануари 2027 година.

Руското Министерство за надворешни работи подоцна во четвртокот изјави дека санкциите на Европската унија против Русија делуваат првенствено против самиот блок, додавајќи дека елитите во блокот од 27 членки едноставно не можат да прифатат дека нивните санкции не функционираат, објави Reuters.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги осуди санкциите на САД против нафтените компании „Росњефт“ и „Лукоил“, укажувајќи дека Русија е „имуна“ на овие економски одлуки.

САД објавија санкции против големите руски нафтени компании во среда, еден ден откако пропаднаа плановите за самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Веруваме дека овој пристап е чисто контрапродуктивен. Нашата земја разви силен имунитет на западните ограничувања и со сигурност ќе продолжи да го развива својот економски потенцијал, вклучително и во енергетскиот сектор“, изјави Захарова на редовниот дневен брифинг за новинарите, пренесува AFP.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе