Американскиот кошаркар Џаред Батлер е нов играч на Црвена Ѕвезда. Она што го највуваа странските медиуми денеска доби и официјална потврда од белградскиот кошаркарски клуб.
Џаред Батлер има 25 години, висок е 191 сантиметар и игра на позицијата плејмејкер, но освен како разигрувач на екипата, знае да биде и многу ефикасен.
Батлер го раскина договорот со Феникс и за прв пат ќе настапува во Европа по четири сезони минати во НБА. Тој имаше повеќе понуди од европски тимови, но ја избра Црвена Ѕвезда.
Батлер во 2021 беше 40. пик на драфтот и беше избран од Њу Орлеанс, а потоа играше за Оклахома, Вашингтон и Филаделфија.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


