Американскиот министер за финансии Скот Бесент им изјави на новинарите во Вашингтон во среда дека дополнителни санкции од САД против Русија ќе бидат објавени најдоцна до четврток.

Бесент рече дека ова е „значајно зајакнување на санкциите против Русија“.

Овој потег би означил остар пресврт за Белата куќа, која минатата недела се чинеше дека е подготвена да ги одложи новите акции насочени кон Москва. Цените на нафтата продолжија да растат по коментарите на Бесент, зголемувајќи се за повеќе од 2 долари за барел.

Во исто време, земјите од ЕУ го одобрија 19-от пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, што вклучува забрана за увоз на руски течен природен гас, соопшти данското ротирачко претседателство со ЕУ во средата вечерта.

Весникот The Wall Street Journal објави во средата дека САД ги укинале ограничувањата за употреба на некои ракети со долг дострел од страна на Украина, обезбедени од западните сојузници, што би му овозможило на Киев да ги засили нападите врз цели во Русија. Такава информација беше всушиност објавена и пред речиси два месеца.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на WSJ, велејќи дека „САД немаат никаква врска со овие ракети“.

Шведска во среда соопшти дека потпишала писмо за намера за извоз на борбени авиони „Грипен“ во Украина, додека европските влади преземаат чекори за зајакнување на одбраната на Киев во војната што трае веќе три години и осум месеци од целосната руска инвазија и не покажува знаци дека наскоро ќе заврши.

Украинските пилоти беа во Шведска за да го тестираат „Gripen“, робусна и релативно евтина опција во споредба со авиони како што е американскиот F-35.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе