Нацрт-закон со кој ќе се примени израелскиот закон за окупираната палестинска енклава Западен брег (на реката Јордан), потег што е еднаков на анексирање на територијата што Палестинците ја сакаат за своја држава, доби прелиминарно одобрение од израелскиот парламент во средата.

Гласањето е прво од четирите потребни за усвојување на законот и е темпирано да се совпадне со посетата на американскиот потпретседател ЏејДи Венс на Израел, еден месец откако претседателот Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анексира Западниот брег.

Партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху не го поддржа законот предложен од пратениците надвор од неговата владејачка коалиција. Тој беше усвоен со 25 гласа „за“ и 24 „против“ од вкупно 120 пратеници. Вториот закон на опозициската партија со кој се предлага анексијата на населбата Маале Адумим беше усвоен со 31 глас „за“ и 9 „против“.

 Некои партии во коалицијата на Нетанјаху – Партијата на еврејската моќ на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и фракцијата на религиозниот ционизам на министерот за финансии Безалел Смотрич – гласаа за законот, кој ќе мора да помине низ долга законска постапка пред конечно да биде усвоен.

Членовите на коалицијата на Нетанјаху со години бараат Израел формално да анектира делови од Западниот брег.

Израел тврди дека териториите освоени во војната во 1967 година не се законски окупирани бидејќи се наоѓаат на наводно спорно земјиште, додека Обединетите нации и најголемиот дел од меѓународната заедница ги сметаат за окупирани.

Во 2024 година највисокиот суд на Обединетите нации прогласи дека се нелегални окупацијата на палестинските територии од страна на Израел, вклучувајќи го и Западниот брег, како и изградбата на еврејски населби во областа.

Владата на Нетанјаху ја разгледуваше анексијата како можен одговор на потезите на голем број западни сојузници за признавање на палестинска држава во септември, но се чини дека се откажа од потегот по приговорот на Трамп.

Палестинската исламистичка група Хамас во соопштението од средата изјави дека гласањето за законот за Западниот врег и Маале Адумим го покажа „грдото лице на колонијалната окупација“.

Самиот Нетанјаху не беше експлицитен во врска со анексијата откако последното изборно ветување беше напуштено во 2020 година во корист на нормализирање на односите со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

ОАЕ, најистакнатата арапска земја што воспостави врски со Израел според таканаречениот Авраамски договори што Трамп го постигна во својот прв мандат, минатиот месец предупреди дека анексијата на Западниот брег е црвена линија за државата од Персискиот залив.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе