Украинската војска доцна во вторникот соопшти дека напад со британско-француски ракети „Storm Shadow“ погодил хемиски погон во регионот Брјанск во јужна Русија, кој го опиша како клучен за воените напори на Москва.

„Извршен е масовен комбиниран ракетен и воздушен напад, вклучително и напад со воздушно лансирани ракети Storm Shadow кои го пробија рускиот систем за воздушна одбрана. Резултатите од нападот се проценуваат“, објави Генералштабот на украинските вооружени сили на апликацијата за пораки Telegram.

Тие ја опишаа фабриката како „клучен погон“ за производство на барут, експлозиви и ракетно гориво. Агенцијата Reuters истакнува дека не можела независно да го потврди извештајот.

Руското Министерство за одбрана во вторник вечерта објави во објава на Telegram дека единиците за воздушна одбрана уништиле 57 украински беспилотни летала над регионот Брјанск.

Министерството ретко известува за штетата што ја нанесува Украина во војната што Русија ја започна со својата инвазија во февруари 2022 година.

Александар Богомаз, гувернерот на регионот Брјанск, во објава на Telеgram изјави дека Украина го нападнала регионот со беспилотни летала и ракети во вторник попладнет. Додаде дека никој не е повреден во нападот и дека не е пријавена никаква штета. Гувернерот на рускиот регион Мордовија објави на Telegram дека регионот бил цел на масовен напад од украински беспилотни летала во средаta, во кој бил оштетен локален цивилен објект.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе