Цените на нафтата се задржаа близу нивото од 61 долар и во вторникот на меѓународните пазари, поради знаците за ублажување на геополитичките тензии и прогнозата на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за презаситеност на понудата следната година.
На лондонскиот пазар, цената на барелот беше за 32 центи повисока попладнево отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 61,33 долари. Барелот поевтини за речиси истата вредност и на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 57,85 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 61,74 долари, приближно исто како и на крајот од минатата трговска седмица.
Трговците беа загрижени кон крајот на минатата седмици од прогнозите за презаситеност на понудата најдоцна до почетокот на следната година. Вишокот би можел да достигне речиси четири милиони барели дневно во 2026 година, бидејќи понудата остро расте а побарувачката е намалена, предупреди Меѓународната агенција за енергија (IEA) минатата седмица во својот редовен месечен извештај.
Кина го намали увозот на нафта на 11,5 милиони барели дневно во септември, што е најниско ниво од јануари. Кинеските рафинерии ја зголемуваат пореработката, намалувајќи го резервниот капацитет за увоз и создавајќи залихи.
Пазарите донекаде беа примерени од знаците за ублажување на геополитичките тензии. Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека очекува да потпише „многу добар трговски договор“ со својот кинески колега Си Џинпинг, но нерешените прашања за царините и пристапот до технологијата сè уште не се решени, а синџирите на снабдување, исто така, претставуваат проблем.
Трамп, исто така, планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин наредните седмици, смирувајќи ги стравувањата од проблеми со снабдувањето со руска нафта поради заканата од САД со санкционирање на нејзините купувачи во странство, во прв ред Индија и Кина.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


