Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика Сања Божиновска. Вчера, Советот на Европската унија го поддржаа предлогот за укинување на увозот на рускиот природен гас од 1 јануари 2026 година, но дека ќе има преоден период за склучените договори. Краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да продолжат до 17 јуни 2026 година, додека долгорочните договори можат да важат до 1 јануари 2028 година.
„Ние имаме долгорочен договор, што значи не важи одлуката за укинување на рускиот гас од 1 јануари 2026-та. Македонија троши 500.000 кубни метри и тоа не е некоја голема количина. Додека да престанат да важат долгорочните договори, би требал да биде готов гасоводот со Грција и не би требало да имаме проблеми. За сите оние кои немаат решение за гасот, алтернативни решенја ќе се бараат на ниво на Европската унија. Секако, нема да останеме без гас“, изјави министерката Божиновска.
Гасот за скопјани е особено важен затоа што најголем дел од централното греење доаѓа од когенеративната гасна централа ТЕ-ТО. Засега гас имаме само од гасоводот од Бугарија.
Слични новости
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани


