Актуелниот светски шампион, Холанѓанецот Макс Верстапен во билидот на Ред Бул, ја победата во трката за Големата награда на САД возена во Остин, 19-та рунда од светското првенство во Формула 1.

Ова беше петта победа на четирикратниот светски шампион во сезоната и 68-ма во неговата кариера. Холанѓанецот така го заокружи викендот во Тексас на најдобар можен начин откако ја освои спринт трката и ја обезбеди пол-позицијата.

Верстапен победи со 7,9 секунди предност пред Британецот Ландо Норис во Мекларен. Шарл Леклер од Монако во Ферари беше трет, 15,3 секунди зад него.

Победата на Верстапен на ГН на САД во ниеден момент не беше доведена во прашање, а во текот на целата трка имаше интересна борба за второто место меѓу Норис и Леклер. На крајот, второто место му припадна на Британецот.

Лидерот во генералниот пласман на Светското првенство, Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен, беше петти, намалувајќи ја својата предност. По денешниот резултат, Пјастри сега има само 14 поени пред Норис и 40 пред Верстапен.

Борбата за титулата светски шампион стана сè поинтересна. Пред нешто повеќе од еден месец се чинеше дека е само прашање на рамнотежа на моќ во тимот на Мекларен, но сега и бранителот на титулата Верстапен сериозно се вклучи во борбата.

Во пласманот на конструктори, Мекларен води со 678 поени, Мерцедес е втор со 341 поен, додека Ферари е трет со 334 поени.

Во календарот има уште пет трки, од кои првата ќе биде во Мексико Сити следната недела.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа