Британското Министерство за одбрана (MoD) ги истражува тврдењата дека руски хакери украле стотици чувствителни воени документи и ги објавиле на дарк-веб.

Датотеките содржат информации за осум бази на Кралските воздухопловни сили и Кралската морнарица, како и имињата и е-адресите на персоналот на Министерството за одбрана, објави весникот Mail On Sunday.

Сајбер криминалците пристапиле до предммеморијата на датотеките со хакирање на компанијата за одржување и градежништво „Dodd Group“, објави весникот.

„Ние преземаме робусен и проактивен пристап кон кибернетичките закани што би можеле да претставуваат ризик за националните интереси“, изјави портпарол на Министерството за одбрана, пренесуваат британските медиуми

„Активно ги истражуваме тврдењата дека информации поврзани со Министерството за одбрана се објавени на дарк-веб. За да ги заштитиме чувствителните оперативни информации, нема да коментираме натаму за деталите“, додал портпарлот.

Протечените документи наводно содржат информации за голем број чувствителни бази на воздухопловните сили и морнарицата, вклучувајќи ја и „RAF Lakenheath“ во Сафолк, каде што се стационирани американските авиони „F-35“.

Хакирањето се случило по низа нарушувања на податоци во британското Министерство за одбрана.

Лични податоци за припадници на вооружените сили и ветераните, вклучувајќи имиња, банкарски податоци и некои адреси, се пронајдени во систем за исплата на плати до кој било пристапено за време на голем хакерски напад откриен минатата година. Тогаш беа погодени до 272.000 војници.

Истата година, владата тајно воспостави ткн Рута за одговор во Авганистан за луѓето во земјата чии податоци биле „по грешка“ ги објавиле функционери на одбраната во февруари 2022 година.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе