Дел од накитот од колекцијата на Наполеон е украден во грабежот во Лувр во неделата, објавија француските медиуми.
Министерката за култура на Франција, Рашида Дати, ја потврди информацијата дека криминалци украле вреден накит од музејот Лувр во Париз во неделата наутро а потоа избегале, поради што најпосетуваниот музеј во светот останал затворен во текот на целиот ден.
Според првичните податоци од истрагата, грабежот се случил помеѓу 9:30 и 9:40 часот наутро.
Разбојниците, чиј број сè уште не е објавен од властите, наводно се упатиле кон музејот со скутер и користеле товарен лифт за да пристапат до просторијата што имале намера да ја ограбат. Тие биле опремени со мали моторни пили.
Веднаш по отворањето на Лувр утрово, се случи „грабеж“, претходно објави министерката за култура за X. „Немаме извештаи за повредени. Јас сум на местото на настанот со вработените во музејот и полицијата, а истрагата е во тек“, напиша Рашида Дати.
Еден или повеќе криминалци успеаја да влезат во музејот, изјавија нејзините соработници за AFP, без да објават информации за можна кражба на уметнички предмети.
„Музејот ќе остане затворен денеска, недела, од исклучителни причини“, соопшти управата на музејот во соопштение на платформата X, а пораката беше објавена и на англиски јазик.
Лувр е најпосетуваниот музеј во светот. Во 2024 година, го посетија речиси девет милиони посетители, од кои 80 отсто биле странци.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


