Басистот и еден од оснивачите на метал бендот Лимп Бизкит почина во саботата на 48 годишна возраст, објави бендот на Инстаграм. Причините за неговата смрт не се објавени.
„Денеска го загубивме нашиот брат. Нашиот другар од бендот. Сем Риверс не беше само наш басист-тој беше вистинска магија. Од првата нота што ја имаме отсвирено досега Сем донесе светлина и ритам кои никогаш нема да може да бидат заменети“, напиша бендот на социјалните мрежи.
Бендот Лимп Бизкит е основан во 1994 во Џексонвил Флорида од фронтменот Фред Дурст, кој го откри Сем Риверс додека овој свиреше бас гитара за друг бенд, Малачи Сејџ и тапанарот Џон Ото.
Подоцна на бендот се приклучи и гитаристот Вес Борланд. Бендот имаше два хита кои беа први на Билборд листата, објави шест студиски албуми и три пати беше номиниран за наградата Греми.
Слични новости
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст


