Во Македонија денеска се одржува првиот круг од локалните избори, а избирачките места беа отворени во 07 часот. Вчера веќе гласаа болните, изнемоштените, затворениците и лицата во притвор. Денеска избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
Право на глас имаат 1.832.415 граѓани регистрирани во избирачкиот список, а нема да има гласање во дијаспората.
Се бираат градоначалници и одборници во 80 општини и во градот Скопје. На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е за 10 повеќе во споредба со бројот на кандидатите во 2021.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


