Според анкетата на јавното мислење на Институтот Insa, објавена од дневниот весник Bild, АфД би ја избрале 27 проценти од гласачите, два процентни поени повеќе од Христијанско-демократската унија CDU/CSU. На последното испитување, овие две партии беа изедначени. На предвремените парламентарни избори во февруари, ЦДУ освои 28 проценти, а AfD 20 проценти.

 Лидерот на ЦДУ и германски канцелар Фридрих Мерц останува на ставот за примена на „санитарен кордон“ против екстремната десница. „Нема соработка со партија која го доведува во прашање сè што ја направи Германија силна во последните децении. Во секој случај, не додека сум претседател на ЦДУ“, порача Мерц.

Германскиот канцелар појасни дека АфД е против Европската Унија, против еврото, против НАТО и против воената служба, и дека со нив нема заеднички точки туку фундаментални разлики.

 

Слични новости

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков