Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299.
Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници.
Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.
Најмногу кандидати има за градоначалник на главниот град Скопје, вкупно 16, од кои само една жена. Постоа следат Прилеп и Струга по девет и Битола осум кандидати.
По два кандидати за градоначалник има во над една четвртина од оштините – во вкупно 21 општина, меѓу кои во Штип, Кратово и Крива Паланка.
Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2025, 89,64 проценти се мажи, а 10,35 отсто се жени. Ова е мало зголемување во однос на минатите, кога процентот на жени е 8 проценти.
Најмногу кандидатски листи за советници имало на изборите во 1996 – 747, потоа во 2009 – 701, па 2021 – 572, 2000 – 564, 2013 – 480, 2005 – 445 и најмалку во 2017 година – 371.
На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите.
Најмногу кандидатски листи се поднесени за Град Скопје 19, потоа следат Битола – 16, Куманово и Долнени по 14.
Според возразната група од вкупно 10 799 кандидати за градоначалници и советници на возраст меѓу 18 и 20 години се 409 или 3,89 проценти, додека на возраст над 66 години се 985 кандидати или 9,12 проценти. Најмногу 25,36 проценти или 2 739 кандидати се на возраст меѓу 36 и 45 години.
Слични новости
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател
Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за избор на нов претседател, откако мандатот на Душица Димитриеска заврши на 1 октомври.
ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
безбедноста на Украина
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен


