Фудбалерот на Манчестер сити Роди нема да биде во тимот за саботниот дуел во премиер лигата со Евертон, поради повредата на задната ложа, изјави денеска менаџерот на сити Пеп Гвардиола. Шпанскиот репрезентативец се повреди на почетокот на месецот на натпреварот со Брентфорд по што го откажа и учеството во селекцијата на Шпанија во квалификациските дуели против Грузија и Бугарија.

Гвардиола денеска им изјави на новинарите дека Родри сеуште не е подготвен да се врати на теренот. Минатогодишниот освојувач на „златната топка“ го пропушти поголемиот дел од минатогодишната сезона поради повреда на вкрстените лигаменти, а годинава имаше неколку настапи за тимот до повредата со Брентфорд, но се жалеше на болки во коленото.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0