Се повеќе луѓе ја користат алатката на Вештачката интелигенција (ВИ), но порачуваат дека не ја прифаќаат во медиумите и забавата. Според последната студија на Ај Харт Медиа 70 проценти од испитаниците ја користат Вештачката интелигенција и сметаат дека е корисна и заштедува време.
Истовремено, дури 75 насто од испитаниците порачале дека не сакаат ВИ да се употребува во медиумите и забавната индустрија која ја консумираат. Две третини од испитаниците се плашат од загубата на работни места поради ВИ, а најзагрижени се од генерацијата Зет и оние со пониски примања.
Две третини од испитаниците се плашат и дека во еден момент компјутерите и алгоритмите би може да отпочнат војна со луѓето.Пред две години повеќе од половината испитаници не ни знаеја за ВИ, сега ја користат но недовербата е сеуште огромна, покажа испитувањето.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


