Хамас во средата ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но рече дека во моментов не е во можност да ги лоцира преостанатите тела.
Израелската војска претходно соопшти дека четири ковчези се предадени на персоналот на МКЦК и наскоро ќе им бидат предадени на израелските сили. Според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинскот милитантно движење, Хамас е должен да предаде вкупно 28 тела. Групата ги ослободи последните 20 живи заложници во понеделникот.
Сепак, предавањето на преостанатите тела сега изгледа тешко, што предизвикува стравувања за стабилноста на кревкото примирје.
Израелската војска во средата соопшти дека експертите за судска медицина откриле дека едно од 10-те тела што Хамас ги предал досега не се совпаѓа со ниту еден од исчезнатите починати заложници.
Во соопштение објавено истовремено со последното предавање во средата, Хамас рече дека ги предал сите тела на заложниците до кои моментално можел да пристапи, со што ги исполнил своите обврски според договорот за прекин на огнот.
„За преостанатите тела на затворениците се потребни значителни напори и специјална опрема за нивно пребарување и враќање, а ние вложуваме големи напори за да го затвориме ова досие“, се вели во соопштението.
Се верува дека многу од останките на заложниците се закопани под урнатините на бомбардираните згради или во тунелските окна, во двете години конфликт во Појасот Газа.
Израел продолжува да инсистира на враќање на телата на сите мртви заложници.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


