Фудбалската репрезентација на Шведска доживеа вистински дебакл на квалификациите за Светското првенство и по четири одиграни кола се наоѓа на последно место во нејзината група со само еден освоен бод.
По поразот на Шведска во Гетеборг од Косово овој викенд, селекторот на репрезентацијата Јон Дал Томасон доби отказ, а шведските медиуми известуваат дека тоа ќе биде англискиот стручњак Гарахам Потер.
Селекцијата на Шведска во својот состав има големи ѕвезди како напаѓачите на Ливерпул и Арсенал Александар Исак и Виктор Ѓокереш, но нема игра. Потер треба да ги состави коцкичките, затоа што Шведска може да обезбеди настап на Светското првенство преку баражот од Лигата на нации.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


