Пасошот на Сингапур е најмоќниот во светот во најновата листа на сајтот „Henley and Partners”. Ранг листата е базирана на податоци од Меѓународната управа за воздушен транспорт и вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

Со пасошот на Сингапур може да се патува на 193 места во светот без виза. После Сингапур следува Јужна Кореја со 190, Јапонија со 189.

Меѓу најмноќните се и пасошите на Германија, Италија, Луксембург, Шпанија и Швајцарија, кои го делат четвртото место со 188 места во кои може да се влезе без виза.

Македонскиот пасош го дели  42-то место со Самоа и Тонга. Со наш пасош може да се влезе без виза на 129 места.

 

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило