Во Токио се одигра пријателски натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Јапонија и Бразил, кои веќе го обезбедија своето место на Светското првенство, а по пет гола и голем пресврт, домаќините победија со 3:2.

Бразил, предводен од италијанскиот селектор Карло Анчелоти, отиде на полувреме со два гола предност. Стрелци беа Пауло Енрике во 26. минута и Мартинели во 32. минута. Сепак, Јапонија ги одигра првите 25 минути од второто полувреме во транс и го сврте резултатот во своја корист.

 

Минамино го намали дефицитот на 1:2 во 52. минута, Накамура постигна гол во 62. минута за израмнување, а Уеда во 71. минута за 3:2 и целосен пресврт.

Ова беше 14-та средба меѓу Јапонија и Бразил и прва историска победа за јапонската репрезентација.

Пред неколку дена, Јапонија и Парагвај одиграа нерешено 2:2 во пријателски натпревар, додека Бразил убедливо ја победи Јужна Кореја со 5:0.

globe

Слични новости

Голем пресврт на Милан во Торино

Голем пресврт на Милан во Торино

Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2