Францускиот голман Мајк Мењан на италијанскиот фудбалски великан Милан изјави дека не го разбира преместувањето на лигашкиот натпревар на неговиот клуб со Комо во Австралија.

Милан и Комо, со поддршка на водството на Серија А, побараа од УЕФА нивниот дуел да се игра во Австралија бидејќи стадионот „Сан Сиро“ е зафатен во тој момент поради церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 2026. УЕФА даде „зелено светло“ и натпреварот ќе се игра во Перт во февруари.

„Денес многу нешта забораваме, многу размислуваме за финансискиот аспект. Не разбирам зошто би играле натпревар од италијанското првенство во странство. Освен тоа, тоа беше домашен натпревар, загубивме домашен натпревар. Знаеме дека нашите цели се високи, не можеме ништо да оставиме на случајот“, рече Мењан во неделата на прес-конференција во Рејкјавик, пред квалификацискиот натпревар Исланд-Франција.

Неодамна, репрезентативниот и клупски колега на Мењан, Адриен Рабио, го опиша патувањето на неговиот клуб во Перт за натпреварот од 24-то коло од италијанското првенство против Комо како „тотално лудо“.

Изјавата на Рабио го налути Луиџи Де Сиерво, првиот човек на Италијанската фудбалска лига.

„Рабио заборава, како и сите фудбалери кои заработуваат милиони евра, дека се платени за да работат, односно да играат фудбал. Тој треба да ги почитува парите што ги заработува и да биде повеќе во согласност со она што го сака неговиот работодавач, имено Милан, кој се согласи и инсистираше овој натпревар да се игра во странство“, рече Де Сиерво.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето