Први за осуда – Последни за почит. Со оваа парола Независниот синдикат на полицијата изрази револт кон обвинителството за третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Порачаа дека бараат правда за сите жртви, за нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразуваат поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата.
Не се противат на истрагата против полициските службеници, туку бараат истрагата да биде јавна и транспарентна. Полицајците симболично ги оставија нивните легитимации со цел да укажат како што рекоа дека им е смачено да чекаат кој следен од нив ќе биде уапсен. Од утре најавија дека започнуваат со поднесување на кривични пријави против обвинители и судиите.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


