
Фудбалерите на Париз Сен Жермен го победија во Пасадена тимот на Атлетико Мадрид со 4:0 во натпревар од првото коло на групата Б од Светското клупско првенство. Актуелниот европски шампион поведе во 19, минута преку Фабијан Руис, а на крајот од првото полувреме ја зголеми предноста со голот на Витиња.
Клубот од Мадрид од 78 минута играше со играч помалку откако црвен картон доби Клеман Лангле. Ова го искористи ПСЖ и до крајот постигна уште два гола.
Во вториот напревар од оваа група бразислки Ботафого ги победи Сиетл Саундерс со 2:1. Бразилците водеа со 2:0 на полувремето, а домашниот тим усепа да го ублажи поразот во 76.минута.
Слични новости
Четворица навивачи на Атлетико условни казнети за бесење кукла со ликот на Винисиус
Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци затвор со условна казна за акт на омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација Винисиус
Наполи одвои 53 милиони евра за купување на Грилиш или Гарначо, тврди „Сан“
Наполи ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Џек Грилиш или играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, пишува „The Sun“.
Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез
Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.