Измени на Кривичниот законик со воведување минимум од 1 година задолжителна затворска казна за убиство и мачење животни, формирање општински служби за заштита на животните, носење на закон за комунална полиција со полиција за животни и превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните.

Ова се дел од барањата кои Зeлен хуман град заедно со 15 здруженија за заштита на животни од Македонија, ги побараа на протестот кој го одржаа пред МВР, Јавното обвинителство и Кривичниот суд.

Од протестот побараа максимална затворска казна за Љубе Крествески. Во македонскиот Кривичен Законик  веќе 20 години постои кривичното дело убиство и мачење животни, кое се казнува со затворска казна, а досега не е изречена ниту една таква пресуда. Бараме законот да се спроведува,  порачаа од протестот.

 

Слични новости

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.