Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот по ред.

 За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат.

Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.

 

 

Слични новости

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.