Официјален Ерусалим соопшти дека во синоќешните два брана напади од Иран врз Израел со околу 150 балистички ракети биле убиени тројца луѓе, а 80 се ранети. Неколкумина од ранетите се во тешка состојба, соопштија израелските власти, додека другите имаат полесни повреди.
Како што известува порталот Аксиос, повикувајќи се на изјави на официјални израелски службеници, САД му помагале на Израел во пресретнувањето на иранските ракети.

Американски висок извор ја потврди американската воена помош со образложение дека во Израел живеат неколку стотици илјади американски граѓани и дека нивната влада работи на нивна заштита.
Техеран соопшти дека „конфронтацијата нема да заврши со ограничените напади од синоќа и дека иранските напади ќе продолжат, а акцијата ќе биде многу болна за агресорите“.
Иранската операција „Вистинско ветување три“ ќе трае колку што е потребно, а во текот на ноќта се погодени три израелски воздухопловни бази кои биле користени како лансирни платформи за напади врз Иран, изјави високиот ирански командант Ахмад Вахиди.
Вахиди изјави дека се погодени неколку цели на окупираните територии, како и воените бази Неватим и Овда, од каде што Израел ги лансираше воените напади врз Техеран. Тој рече дека со нападот врз Иран израелскиот режим направил сериозна грешка и предупреди дека „ционистите би требало да се подготват за последиците“.
Израелските одбранбени сили пак соопштија дека во текот на ноќта десетици израелски борбени авиони вршеле воздушни напади на подрачјето на Техеран. Меѓу многуте погодени цели била и иранската инфратсруктура за противвоздупшна одбрана, соопшти израелската војска.
„За прв пат од поечтокот на војната, десетици борбени авиони на военото воздухопловтсво летеа над Техеран, повеќе од 1.500 километри од Израел и ги нападнаа одбранбените системи во регионот на Техеран“ изјави командантот на ИДФ Томер Бар. ИДФ исто така соопшти дека пресретнала голем број на дронови лансирани кон Израел од Иран.

Слични новости
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.
Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота
Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.