Кошаркарите на Оклахома утрово ја победија Индијана со 111:104 во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата.

Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот.

МВП-то на НБА Шеи Гилџес Александар го заврши мечот со 35 поени, Џејлен Вилијамс постигна 27, а Алекс Карузо 20 коша за Оклахома. Чет Холмгрен забележа 15 скокови со 14 поени.

Кај Индијана најпрецизен беше Паскал Сијакам со 20 поени, а Тајрис Халибартон постигна 18 поени со седум асистенции. Одлична партија од клупата имаше и Оби Топин со 17 поени.

Индијана имаше контрола на натпреварот со многу брза игра, подобар шут за тројка и одлична одбрана врз СГА, но на крајот превагна страшната одбрана на Оклахома, кога во последните 3 минути од натпреварот играчите на Индијана тешко доаѓаа до позиција за шут.

Серијата се враќа во Оклахома, а следниот меч ќе се игра ноќта меѓу понеделник и вторник во 02 и 30 по средноевропско време.

Слични новости

Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез

Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез

Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.