Разочарани сме што Брисел и западно европските држави постојано поставуваат пречки на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон Унијата, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто по средбата со неговиот македонски колега Муцунски.

Потенцираше дека Унгарија останува еден од најгласните и најпосветени поддржувачи на евроинеграциите на Македонија и дека работат на тоа земјава што поскоро да ги започне суштинските преговори со ЕУ, но порача дека не е само блокадата од Бугарија, туку дека ситуацијата е покомплексна.

И покрај тоа што се уште нема потврда за еветуална средба меѓу македонски и бугарски претавници во Хаг, Муцунски вели дека земјава и понатаму ќе инсистира на комуникација и добрососедство со Бугарија, но дека тоа не значи отстапка од позициите. Порача и дека Македонија нема да дозволи да биде погазена и понижена на патот кон ЕУ.

Посетата на Сијарто во земајва беше заокружена со потпишуавње на Договор за стратешко партнерство меѓу двете Влади кој ќе озвоможи унгарски претпријатија да учествуваат во изградбата на поректи од областа на сообраќајот, градежнштвото и телкомуникациите во земјава.

Во рамки на посетата беше потпишан и Меморамдум за соработка во образованието со кој секоја година по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студирање во Унгарија.

 

Слични новости

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.