Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов рече дека измените се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија и се однесуваат на набавка на лиценци за опремата на ДИК, опфатени во делот на организирање и спроведување на локалните избори.
„Во интерес само на јавноста да појасниме дека се врши измена на годишниот план за вкупните потреби за јавните набавки за 2025 година во делот на оние набавки коишто се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија, односно се менува очекуваниот почеток за отпочнување на набавката, проценетата вредност и видот на набавката во делот кај што е предвидено набавка на лиценци за опремата на ДИК, односно на лиценци заменети за Офис 365…
… Со оглед на фактот дека е утврдена потреба од зголемување на проценетата вредност, согласно реалните потреби на ДИК и согласно дејствијата коишто треба да бидат опфатени во делот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, согласно човечкиот потенцијал којшто ќе биде ангажиран за истите, предлагам оваа одлука да се изгласа и да се постапи согласно предложената содржина од страна на службата и по самата одлука како и по усвојувањето на истата, да се пристапи кон изготвување на пречистен текст на Годишниот план за јавни набавки“, рече Ангелов.
„Конкретно се однесува за неколку решенија во неколку општини, во неколку избирачки места: избирачко место 1585, општина Радовиш, 2915, Визбегово, општина Бутел, 2915/1, Визбегово, општина Бутел, избирачко место 2789/1 Драчево, општина Кисела Вода, избирачко место 2789, Драчево, Кисела Вода, 2835, општина Центар, избирачко место 2753, општина Аеродром, 2730/1 Аеродром, 2730 исто така Аеродром и избирачко место 2642, општина Карпош,“ кажа претседателот на ДИК.
На денешната седница беше изгласан и записникот од претходната седница.
Слични новости
Mакедонски граѓани ќе се евакуираат од Израел со владиниот авион
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел
СДСМ: Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев
Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.
22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел
Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.