Соединетите држави се подготвуваат да ја евакуираат својата амбасада во Ирак поради зголемени безбедносни ризици во регионот, соопштија во средата три американски и два ирачки извора, додека еден американски функционер рекол дека е можно воени семејства, исто така, да го напуштат Бахреин.
Изворите на Reuters не кажаке кои безбедносни ризици ја поттикнале одлуката за евакуација, а Стејт департментот не одговорил веднаш на барањето за коментар.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се заканува дека ќе го нападне Иран ако разговорите за неговата нуклеарна програма не успеат, а во средата рече дека сега е помалку уверен дека Техеран ќе се согласи да престане со збогатувањето на ураниум, клучното барање на САД.

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзадех, рече дека Иран ќе ги цели американските бази ако нуклеарните разговори не успеат, што потенцијално ќе доведе до војна.
„Стејт департментот планира организирано повлекување на амбасадата на САД во Багдад. Намерата е тоа да се направи комерцијално, но американската војска е подготвена да помогне доколку е потребно“, рекол неименуван американски функционер.
Службеник на ирачкото Министерство за надворешни работи изјавил дека е потврдена „делумна евакуација“ на персоналот на амбасадата на САД поради „потенцијални безбедносни закани поврзани со можни регионални тензии“.
Ирачката државна новинска агенција цитираше извор од ирачката влада кој изјави дека Багдад не регистрирал никакви безбедносни индиции што би барале евакуација.
Семејствата на американските војници во Бахреин привремено ќе се повлечат поради зголемените регионални тензии, изјавил американски функционер за Reuters.
Друг американски функционер изјавил дека нема промена во операциите во воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар, најголемата воена база на Блискиот исток, и дека не е издадена наредба за евакуација на вработените или семејствата поврзани со амбасадата на САД во Катар, која работи како и обично.
Амбасадата на САД во Кувајт соопшти дека останува целосно оперативна.

Слични новости
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.
Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота
Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.