Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда доцна вечерта изјави дека армијата и разузнавачката служба за внатрешна безбедност Шин Бет ги вратиле телата на двајца заложници од Газа.

Во соопштение за медиумите Нетанјаху изјави дека се вратени телата на заложникот Јаир Јаков и уште едно лице, чиј идентитет сè уште не е дозволено да се објави.

Израелската војска соопшти дека милитантите од палестинската група Исламски џихад го киднапирале и убиле Јаков за време на нападот на 7 октомври 2023 година во јужен Израел. Милитантите, исто така, ја киднапирале и партнерката на Јаков, Меирав Тал, и две од неговите деца, Ор и Јагил, но подоцна ги ослободиле, објасни армијата.

Јаков имал 59 години кога бил убиен.

Армијата соопшти дека го известила семејството на другиот заложник, додавајќи дека телата се пронајдени од областа Кан Јунис во јужна Газа.

Во Газа сè уште има 53 заложници, а се верува дека помалку од половина од нив се живи.

Израелските сили овој месец ги пронајдеа и вратија телата на пет заложници.

Хамас и други милитанти од Газа киднапираа 251 лице за време на нивниот напад во 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе во Израел. Во израелската војна против Хамас што следеше, речиси 57.000 Палестинци загинаа во Газа, според здравствените власти во крајбрежната енклава.

globe

Слични новости

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.