Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави во вторник портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев.

„Ги видовме овие извештаи и внимателно ја следиме ситуацијата, вклучително и нападите што ја погодија породилната болница во Одеса“, рече портпаролот.

„Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат. Ги осудуваме овие напади и изразуваме најдлабоко сочувство до жртвите и семејствата на сите погодени“, додаде,

Новите масовни руски воздушни напади синоќа беа насочени кон украинските градови Киев и Одеса, при што загина едно лице и беше погодена породилна болница, соопштија локалните власти.

Во Одеса, еден 59-годишен маж беше загина, а најмалку четворица други беа повредени во напади врз станбени згради во центарот на градот. Според гувернерот Олег Кипер, погодена е и наводно породилна болница.

Во Киев, четири лица беа повредени во воздушен напад што градоначалникот Виталиј Кличко го опиша како „масивен“, при што се наведува дека неколку згради биле запалени.

globe

Слични новости

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани. Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство.