Уште едно лице почина по пукањето во средното училиште во австрискиот град Грац во вторникот, со што бројот на жртви се искачи на 11, вклучувајќи го и 21-годишниот напаѓач.

Жена која била примена во Универзитетската болница во Грац починала од сериозните повреди, објави австриската новинска агенција APA, повикувајќи се на болницата.

Во првите детали што се појавија од средното училиште BORG, таткото на момчето кое било присутно рече дека осомничениот намерно пукал во учениците во училницата. Таткото рече дека се фрлил на подот и се преправал дека е мртов, изјави за телевизијата Puls24.

 

Тој рече дека неговото дете било сведок на убиството на тројца негови соученици. Момчето избегало неповредено, заедно со неговиот брат.

Полицијата сè уште не објави дополнителни детали за жртвите или точната локација на масакрот.

Претходните извештаи во медиумите соопштија дека вооружениот 21-годишен напаѓач влегол во училишната зграда со пиштол и сачмарка, кои ги поседувал легално, и отворил оган врз учениците во две училници. Едната од нив наводно била училницата во која тој своевремено учел.

Полициските службеници пронајдоа писмо за самоубиство при претрес на домот на осомничен за нападот врз училиште во Грац, во сојузната покраина Штаерска, објави весникот Kronen Zeitung,

„Претрес беше извршен во домот на 21-годишниот млад човек попладнето. <…> Истражителите пронајдоа проштално писмо таму“, се вели во написот но не се известува за содржината.

Весниците Kurier и Salzburger Nachrichten претходно објавија дека осомничениот е 21-годишен поранешен ученик на гимназијатаучилиштето, а Salzburger Nachrichten објави и дека бил жртва на малтретирање.

globe

Слични новости

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај Унгарија и Словачка

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај Унгарија и Словачка

Полското претседателство во понеделникот на состанокот на министрите на земјите-членки задолжени за енергетика го предложи текстот на изјавата во поддршка на планот на Европската комисија презентиран на 6. мај за постепено отстранување на руската нафта, гас и нуклеарна енергија од пазарот на ЕУ

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава