Двајца мажи беа убиени во вторник во израелски напад врз село во јужен Либан кое се граничи со Израел, објави либанското Министерство за здравство.

Ова е најновиот израелски напад по оние од 5 јуни врз јужните предградија на Бејрут, упориште на шиитското проиранско движење Хезболах, најнасилниот од прекинот на огнот што стапи на сила на 27 ноември.

Според соопштението на Министерството за здравство, „израелски непријателски дрон изврши напад врз селото Шеба, при што загинаа две лица, а едно беше повредено“.

Официјалната новинска агенција Ani објави дека еден маж и неговиот син се убиени, а дека неговиот друг син е ранет.

Израел во петокот предупреди дека ќе продолжи да го напаѓа Либан сè додека Хезболах не се разоружа, ден откако нападите врз јужните предградија на Бејрут уништија девет згради, кои наводно според припаѓале на Хезболах.

Израелската војска објави дека наводно „погодила подземни производствени погони и магацини што ги користат воздухопловните сили на Хезболах“.

Либанскиот претседател Жозеф Аун го осуди „флагрантното кршење“ на прекинот на огнот.

Израел продолжува да го напаѓа Либан и покрај примирјето со кое се стави крај на повеќе од една година конфликт со Хезболах, вклучувајќи два месеци отворена војна.

Според условите на прекинот на огнот, борците на Хезболах мора да се повлечат северно од реката Литани, околу 30 километри од израелската граница, и да ги демонтираат своите воени инсталации јужно од оваа граница.

Израел, пак, требаше да ги повлече сите свои сили од Либан, но задржа пет позиции по должината на границата што ги смета за „стратешки“.

globe

Слични новости

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади  

Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота

Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.