Британскиот автор на шпионски икриминалистички романи Фредерик Форсајт, автор на бројни бестселери како политичкиот трилер „Операција шакал“, шпионскиот трилер „Случајот Одеса“ и романот за воени платеници „Кучиња на војната“, почина на 86-годишна возраст, соопшти неговиот издавач.
Форсајт, поранешен дописник за Reuters и BBC и доушник на британската разузнавачка агенција MI6, се прослави користејќи го своето новинарско искуство во Париз за да ја напише приказната за неуспешниот заговор за атентат врз генералот Шарл де Гол.
„Шакалот“, роман во кој англиски убиец, кој го игра Едвард Фокс во истоимениот филм, е ангажиран од француски паравоени сили, лути на повлекувањето на Де Гол од Алжир, беше објавен во 1971 година откако Форсајт се најде без пари во Лондон. Книгата, напишана за само 35 дена, беше одбиена од бројни издавачи, кои се плашеа дека заплетот е погрешен и дека романот нема да се продава затоа што Де Гол не бил убиен (кој инаку почина во 1970 година од руптура на аортата додека играше пасијанс).
Но, напнатиот трилер на Форсајт, полн со новинарски детали и брутални споредни заплети со страст, предавство и убиство, стана веднаш хит. Некогаш сиромашниот новинар стана богат писател на фикција.

Во своите мемоари, „Аутсајдерот: Мојот живот во сплетките“, тој призна дека „никогаш немал намера да стане писател“ затоа што, како што рече, „писателите се чудни суштества, а уште повеќе кога се обидуваат да заработат за живот на тој начин“.
Романот беше толку влијателен што венецуелскиот милитантен револуционер Илич Рамирез Санчез по главниот лик на романот бееше наречен „Карлос Шакалот“.
Стилот на Форсајт се оценива како „некаде меѓу“ оној на Ернест Хемингвеј и Џон ле Каре, со неговиот главен лик човек од акција и шпион од Студената војна. Неговите книги, приказни за подземјето на шпионите, криминалците, хакерите и атентаторите, се продадени во повеќе од 75 милиони примероци. Напишал повеќе од 25 книги, од кои многу се снимени во филмови.
Бил многу талентиран во учењето странски јазици. Поради бројните училишни размени, го совладал францускиот јазик до 12-годишна возраст, а германскиот до 16-годишна возраст. Исто така, научил руски, а потоа и шпански. Исто така, ја отслужил својата национална служба во Кралските воздухопловни сили и бил одличен пилот на мали авиони. Ги импресионирал уредниците на Reuters со своето познавање на јазиците и општо знаење, а во 1961 година му била понудена работа во таа новинска агенција и бил испратен во Париз, а потоа во Источен Берлин, каде што бил внимателно следен од тајната полиција Штази.
Потоа кратко работел за BBC, но во 1968 година, Форсајт бил контактиран од тајната разузнавачка служба, позната како MI6. Офицер по име „Рони“ го замолил да го информира за тоа што навистина се случувало во Бијафра.
Во своите подоцнежни романи, тој пишува за хакери, за Русите како англиски архи непријатели, членови на Ал-Каеда и криумчари на кокаин „кои се спротивставуваат на силите на доброто, Велика Британија и Западот воопшто“, но ниту еден од овие романи никогаш не го достигна нивото на квалитет на „Шакалот“. Како поддржувач на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Форсајт ја критикуваше британската политичка елита за она што го сметаше за нивно „предавство и наивност“.
Во исто време, пишуваше колумни за The Daily Express во кои даде голем број остри проценки за современиот свет од неговата интелектуално десничарска перспектива.
Светот, според него, премногу се грижел за пандемијата на коронавирусот, Доналд Трамп бил „пореметен“, Владимир Путин бил „тиранин“, а „либералните обожаватели на Западот“ грешеле за повеќето работи. На крајот од краиштата, Форсајт беше новинар кој пишуваше романи.
„Во свет кој е сè повеќе опседнат со боговите на моќта, парите и славата, новинарите и писателите мора да останат одвоени. Впрочем, нашата фундаментална задача е да ги држиме моќните на одговорност“, истакна во една пригода.

Слични новости
Актерот Гери Олдман, фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Роџер Далтри ја добија титулата „сер“.
По повод роденденто на британскиот крал Чарлс денеска им беше доделена почесната титула „сер“ на Оскаровецот Гери Олдман, фронтменот на групата „Ху“ Роцер Далтри и на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија Девид Бекам.
На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“
Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.
Поранешна девојка на Пи Диди сведочеше дека била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи
Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.