Комисијата за репрезентативност работи континуирано, се пребројуваат кандидатите – членови на синдикатите, но мислам дека процесот е во завршна фаза. Чекам час поскоро да биде финализиран и веднаш потоа да се свика седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) зашто има многу клучни теми за дискусија како што е потрошувачката кошничка, а треба да се носат и одлуки, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Според Дурмиши, и потрошувачката кошничка е во завршна фаза, но треба да се стави на дневен ред на ЕСС и да се донесе одлука.

 

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, министерот истакна дека е многу важно да има рамноправна застапеност на синдикатите во можноста да одлучуваат.

-Колку што имам информации, Комисијата за репрезентативност работи континуирано, се пребројуваат кандидатите членови на синдикатите и тоа е посложен процес, но мислам дека е во завршна фаза. Истовремено, одиме на намалување на процентот на репрезантативноста од 10 на 5 отсто за да го демократизираме дијалогот во ЕСС. Инаку, ние ја формиравме Комисијата која треба да прави пребројување и да одлучи кој синдикат е репрезентнтивен. Ако звршила со оваа работа, претпоставувам дека требаше да не информира, нагласи Дурмиши.

Според него, можно е на некои синдикати членовите да се преброени, но процесот мора да заврши целосно, да бидат преброени членовите на сите.

-При многу висок праг на репрезентативност може да се воведе идниректно бариера на синдикатите. Има и други вработени од други синдиакти, ќе им дадеме можност и тие да дејствуваат, да носат одлуки во ЕСС, тоа е намерата на Советот, а не да има само еден синдикат, потенцира Дурмиши. 

globe

Слични новости

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.