Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7 000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10 000 евра) за почнување бизнис.
Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот ќе трае до 20 јуни, а може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.
-Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој, истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.
Од повикот, рече, се искллучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.
Слични новости
СДСМ: Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев
Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.
22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел
Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.
Серија земјотреси регистрирани во Охрид и околината
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во Охридскиот регион