Четири членови на корејскиот бенд BTS ќе ја завршат својата задолжителна воена служба следната седмица, зголемувајќи ги надежите кај нивните обожаватели дека светски познатиот K-pop бенд ќе се врати на сцената.

Јужнокорејската новинска агенција Yonhpa објави во саботата дека по 18 месеци служба, членовите на бендот RM и V ќе бидат отпуштени во вторник, а Џимин и Јунгук ден подоцна.

 

Не е планиран нивен дочек поради безбедносни причини, додаде агенцијата.

Во Јужна Кореја сите способни мажи мора да служат војска. Воената служба, која трае помеѓу 18 и 21 месец, претходно ја одложи можноста за повторно обединување на музичката група од седум члена.

Членовите на BTS се во доцните дваесетти или раните триесетти години, а двајца веќе ја завршиле воената служба. Реперот на BTS, Суга, ќе ја заврши својата цивилна служба на 21 јуни.

globe

Слични новости

Акцискиот трилер Балерина со Киану Ривс се доближува до заработка од 100 милиони долари

Акцискиот трилер Балерина со Киану Ривс се доближува до заработка од 100 милиони долари

Шпионскиот акциски трилер доби солидни оценки од публиката и стигна до заработка од 42 милиони долари во САД и 49 милиони долари надвор од Америка за вкупна заработка од 91 милион долари за две недли прикажување.

„Како да го тренирате вашиот змеј“ ќе оствари профит од близу 200 милиони долари во премиерниот викенд

„Како да го тренирате вашиот змеј“ ќе оствари профит од близу 200 милиони долари во премиерниот викенд

Адаптацијата на филмот од 2010 „Како да го тренирате вашиот змеј“, се очекува да отвори со заработка од 84 милиони долари на Бокс Офисот во САД и близу 200 милиони долари глобално.